• среда, 25 декември 2024

Пензијата може да почека: Војчех Шчесни и официјално е нов голман на Барселона

Пензијата може да почека: Војчех Шчесни и официјално е нов голман на Барселона

Барселона, 2 октомври 2024 (МИА) - Долго се најавуваше, а денеска и официјално - полскиот голман Војчех Шчесни потпиша договор со Барселона до крајот на сезоната, а на „Камп Ноу“ пристигна како слободен играч.

Иако претходно најави дека ќе стави крај на кариерата, 34-годишниот Полјак, кој осум сезони играше за Јувентус пред да се пресели во Барселона, сепак реши да не ги закачува копачките, па наместо повредениот Андре тер Штеген, тој ќе ја извршува улогата на прв голман на Каталонците до следната година.

Тер Штеген неодамна заработи тешка повреда која ќе го оддалечи од терените практично цела сезона, а со оглед на високите амбиции на Барселона, раководството на клубот реши да не ризикува со Игнасио Пења и младиот Астрагало и наместо тоа, решија да донесат докажано решение меѓу стативите.

Со оглед на тоа што доцна дојде во редовите на Каталонците, Шчесни до февруари нема да може да брани за Барса во Лигата на шампионите, но ќе биде во полна сила за домашните натпревари. дс

Фото: Барселона

Остани поврзан