Пендаровски ќе додели одликувања Орден за заслуги и Повелба на Република Северна Македонија
- Претседателот Стево Пендаровски денеска во неговиот кабинет на свечена церемонија ќе ги додели одликувањата Орден за заслуги и Повелба на Република Северна Македонија.
![Пендаровски ќе додели одликувања Орден за заслуги и Повелба на Република Северна Македонија](https://new.mia.mk/index.php/images/20221113144153_big_730x400_71.webp )
Скопје, 30 мај 2022 (МИА) - Претседателот Стево Пендаровски денеска во неговиот Кабинет на свечена церемонија ќе ги додели одликувањата Орден за заслуги и Повелба на Република Северна Македонија.
Како што информира Прес-службата на претседателот, со Орден за заслуги за Република Северна Македонија ќе бидат одликувани добитникот на Нобеловата награда за економија Пол Кругман за иновативност, визија и особен придонес во сферата на економијата.
Орден за заслуги ќе добие и Стопанска комора на Северна Македонија, за својот 100-годишен грижлив и посветен влог и траен придонес во развојот на стопанството и поврзувањето на различните еснафски стопанственички структури.
Со Повелба на Република Северна Македонија ќе биде одликуван Бранко Азески, за фундаментален придонес во осовременувањето и развојот на стопанството, како и за високо професионалното раководење со Стопанската комора и секторот на стопанството. ки/са/