• сабота, 27 јули 2024

Пендаровски ќе ги додели признанијата Орден за заслуги, Медал за заслуги и Повелба на Република Северна Македонија

Пендаровски ќе ги додели признанијата Орден за заслуги, Медал за заслуги и Повелба на Република Северна Македонија

Скопје, 26 декември 2023 (МИА) - Претседателот Стево Пендаровски денеска на свечена церемонија ќе ги додели признанијата Орден за заслуги за Република Северна Македонија, Медал за заслуги за Република Северна Македонија и Повелба на Република Северна Македонија.

Како што информираат од Кабинетот на претседателот, со Орден за заслуги за Република Северна Македонија, претседателот Пендаровски ќе ги одликува Гоце Тодоровски, Коле Ангеловски и Бајруш Мјаку.

Медал за заслуги за Република Северна Македонија ќе им биде врачен на Бранко Огњановски, Васко Тодоров и Лупчо Каров.

Признанието Повелба на Република Северна Македонија ќе биде доделено на Албанскиот театар.фф/аа/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан