• четврток, 26 декември 2024

Пендаровски: Сцените на вчерашната седница не му доликуваат на Судскиот совет, со оглед на надлежностите кои ги има

Пендаровски:  Сцените на вчерашната седница не му доликуваат на Судскиот совет, со оглед на надлежностите кои ги има

Скопје, 27 април 2023 (МИА) - Претседателот Стево Пендаровски оцени дека вчерашните случувања на седницата на Судскиот совет не му доликуваат на ова тело кое има многу одговорна улога, со оглед на надлежностите кои ги има во изборот и разрешување на судии и оценување на работата на судиите, грижата за угледот на судството како клучен фактор за довербата на граѓаните кон судството.

Со вакви постапки, како што се наведува во реакцијата на Перндаровски, дополнително се намалува кредибилитетот, не само на Судскиот совет, туку и довербата на граѓаните во правосудниот систем.

-Во однос на прашањата за изборите на Весна Дамова и Селим Адеми како членови на Судскиот совет, информираме дека согласно уставните надлежности на претседателот и по извршени консултации, ја има предложено Весна Дамова до Собранието за член на Судскиот совет на Република Северна Македонија, во 2019 година како предлог кој доаѓа од редот на истакнати правници. Селим Адеми е избран за член на Судскиот совет по предлог на Собранието на Република Северна Македонија, се вели во реакцијата на претседателот Пендаровски. дма/ац/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан