• сабота, 23 ноември 2024

Пендаровски: Скринингот е најважниот политички приоритет за нас

Пендаровски: Скринингот е најважниот политички приоритет за нас
Скопје, 16 септември 2022 (МИА) – Ставот на претседателот на државата Стево Пендаровски е дека во наредните 14 месеци скринингот е апсолутно најважниот политички приоритет за нас. Да се фатиме за реформи, нагласи тој, бидејќи имаме доста домашни задачи на тој план. - Не мислм дека промената на Уставот денес или во месеците кои доаѓаат, треба да биде политички приоритет на Владата. Но, ако Владата која има мнозинство во Парламентот мисли поинаку, не можат да речам не. Мислам дека треба да се посветиме на работите кои додека преговараме и чекавме изминатите две години за некако да ја надминеме бугарската блокада, тука некои работи не одеа на добро, особено во делот на владеење на правото и борбата против високата корупција, рече претседателот Пендаровски вечерва во гостувањето во магазинот Трилинг на ТВ 24. Шефот на државата најави дека на 1 октомври ќе отпатува во Софија, на покана на бугарскиот претседател Румен Радев. Пендаровски досега имал четири телефонски разговори со неговиот колега Радев, на тема увоз на електрична енергија. Тој информира дека таму се отвора интерконекторот меѓу Грција и Бугарија, а ќе бидат присутни, како што е најавено, и неколку претседатели и премиери од регионот, со цел да покажеме дека не треба да се гледаме и понатаму како непријатели, напротив како добри соседи кои си помагаат и во невоља.. - Од бугаризација се плашат или најавуваат дека ќе ни се случи само Македонците кои имаат лабаво национално самочувство. Навредливо е за македонската нација да кажеш дека протокол, договор, преку механизми на европска интеграција, дека јас и ти можеме да станеме Бугари. Тој дух на наводна бугаризација која ни се заканува е измислена од страна на опозицијата за да го плаши македонскиот народ, кој има свои длабоки корени и цврсто втемелено национално члувство, а ние сме токму тоа, нема потреба да се плаши од бугаризација. Мислам дека тоа е испукан ќор фишек, бидејќи нема никаква опасност дека ние низ европските процеси на крајот на станеме Бугари, дециден е Пендаровски. Политички став на претседателот Пендаровски, е дека референдум нас ни беше нужен, но не, како што истакна, со овие магливи варијанти што ги предлага ВМРО - ДПМНЕ. - И јас бев спремен да излезам и да гласам на референдум на кој ќе се поставеше прашањето дали сте за ЕУ или не сте, рече Пендаровски. Дали енергетската криза се злоупотребува за некој да профитира на грбот на граѓаните, Пендаровски нагласи дека профитерите се јавуваат секогаш кога има кризи, војни, конфликти. Според него, енергетската криза пред се е недостаток на стратешко размислување на сите политички елити од 1990 година до денес, кои гледаат само да го истераат мандатот, а да  не вложат во такви големи капитлени инвестиции во енергетскиот сектор. -  За жал ние сме купи ден помини политика, потенцира меѓу другото претседателот Пендаровски. цр/

Остани поврзан