• среда, 25 декември 2024

Пендаровски: Се уште не можеме сами да се договориме и мора да не пристиснат странците

Пендаровски: Се уште не можеме сами да се договориме и мора да не пристиснат странците
Скопје, 12 декември 2021 (МИА) - Не бегам од свикување лидерска средба за отворените политички теми, но прашање е дали би била успешна. Од помош може да биде вклучување на меѓународниот фактор. Ако е без странец шансите за успех се мали, истакна претседателот Стево Пнедаровски во вечаршното интервју за Клик плус на ТВ 21. - ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ воизминатиот период имаа средби за одредени прашања и беа непродуктивни. Ако тие средби биле неуспешни, зошто би било поинаку ако ги свика претседателот. Не бегам од тоа, но има флоскула дека она што не може да се договори во Собранието, комисите,... ќе се договори на лидерска средба. Тоа би можело само ако се вклучи меѓународен фактор, инаку шансите за успех се мали, вели Пендаровски. За идејата на премиерот Зоран Заев за формирање широка влада во која би влегла и опозицијата, но без Христијан Мицкоски, Пендаровски кажа дека изјавата на Заев го изненадила, зашто станува за нешто што досега се нема случено. Според него, станува збор за нестандарден предлог кој не беше добро сфатен. За барањето концентрациксата влада да биде без Мицкоски, Пендаровски вели дека Заев рекол дека и тој е подготвен да замине, ако тое е неопходно. - Идејата е отфрлена и нема да заживее во наредните години и децении. Штета, зашто може да се следи и примерот на Германија каде што тоа функционира добро. Можеме во конценрациона влада, но само ако не пристиснат странците. Треба да седнеме и да покажеме дека за некои точки можеме сами да се договориме, изјави шефот на државата. Според Пендаровски, се уште не е поминато времето кога мора да пристиснат странците за да се заврши некоја работа, зашто се уште уште немаме политичка култура сами да се договориме.са/    

Остани поврзан