• четврток, 26 декември 2024

Пендаровски се сретна со претставнички на Националниот совет за родова рамноправност

Пендаровски се сретна со претставнички на Националниот совет за родова рамноправност

Скопје, 21 август 2023 (МИА) - Севкупните активности на организацијата, насочени кон постигнување на родова рамноправност, развој, заштита на женските права, беа тема на разговор на денешната средба на  претседателот Стево Пендаровски со Савка Тодоровска, претседателка на Националниот совет за родова рамноправност и претставнички на организацијата.

Претседателот Пендаровски, информираат од неговиот кабинет, изрази поддршка за активностите на организацијата, во која членуваат околу 116 локални формални и неформални женски организации и групи од урбани и рурални средини во државата и оддаде признание за нивните заложби за политичко и економско јакнење на статусот на жените, за социјално вклучување на жените од руралните средини и маргинализираните групи и за справување со родово базираното насилство.

Савка Тодоровска е носителка на признанието Повелба на Република Северна Македонија, доделено од претседателот Пендаровски, за исклучителен придонес и за посветеност во унапредувањето на родовата еднаквост во нашата држава, подигање на свеста на жените, нивна едукација и за нивно економско зајакнување, како и за непроценливиот труд и за досегашните заложби за еднакви можности во општеството. вј/нд/

 

Фото: Кабинет на Пендаровски

Остани поврзан