• среда, 25 декември 2024

Пендаровски - Радев: Заложба за проширување на соработката во повеќе области од заемен интерес

Пендаровски - Радев: Заложба за проширување на соработката во повеќе области од заемен интерес
Софија, 1 октомври 2022 (МИА) - Можностите за натамошно унапредување на политичките и економските односи меѓу Северна Македонија и Бугарија, како и актуелните предизвици од енергетската криза со која се соочува Европа, беа главна тема на средбата на претседателот Стево Пендаровски во Софија со неговиот бугарски колега Румен Радев. Како што соопшти Кабинетот на шефот на државата, претседателите Пендаровски и Радев се заложија за проширување на соработката во повеќе области од заемен интерес. - Двајцата претседатели разменија информации околу состојбата со енергетската криза и справувањето со неа. На средбата беа разменети мислења околу можностите за набавка на електрична енергија од Република Бугарија, со почитување на европската регулатива, се додава во соопштението. https://www.youtube.com/watch?v=9yf2q8dzaDU

Остани поврзан