• понеделник, 29 јули 2024

Пендаровски присуствуваше на одбележувањето на државниот празник Денот на Републиката во Крушево

Пендаровски присуствуваше на одбележувањето на државниот празник Денот на Републиката во Крушево
Скопје, 2 август 2021 (МИА) -  Претседателот Стево Пендаровски, денеска чествуваше на манифестацијата во Крушево, по повод 2 Август, Илинден – Денот на Република Крушево. Пендаровски ја посети црквата „Св. Никола“ на панихидата за загинатите Илинденци и положи цвеќе на вечното почивалиште на првиот претседател на Крушевската Република, Никола Карев во споменикот „Македониум“ на Гумење. Пред споменичниот комплекс беше одржан музичко-сценски настап со изведба на нумери од репертоарот на воениот оркестар на Армијата, како и изведба на воено-акробатска вежба Егзирцир од страна на припадниците на баталјонот за почести. Претседателот положи цвеќе и пред споменикот на паднатите борци на Слива, симболот на самопожртвуваноста на македонските востаници во одбраната на Крушевската Република. Со почеток во 18:00 часот, попладнево претседателот ќе присуствува на централната свеченост по повод 2 август – Денот на Републиката. ки/ац/  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан