• сабота, 28 декември 2024

Пендаровски присуствуваше на армиска вежба во касарната „Народен херој Страшо Пинџур“ во Петровец

Пендаровски присуствуваше на армиска вежба во касарната „Народен херој Страшо Пинџур“ во Петровец

Скопје, 21 март 2024 (МИА) - Претседателот Стево Пендаровски денеска во касарната „Народен херој Страшо Пинџур“ во Петровец присуствуваше на методско показна вежба на тема „Лесен пешадиски вод во извршување на наменски задачи: патролирање, чистење на патен правец и реакција на контакт“, соопшти неговиот Кабинет.

Вежбата ја спроведоа околу 100 припадници на Првата пешадиска бригада на Армијата. Сценариото на вежбата опфати деминирање на патен правец при вршење на патрола и симулација на контакт со непријателски сили и нивно неутрализирање. Преку вежбата, истовремено, беше презентирана дел од новата опрема и лично вооружување на лесната пешадиска баталјонска група. 

Како што се наведува во соопштението, претседателот Пендаровски оцени дека успешната реализација на вежбата е уште еден показател за професионалноста, посветеноста и подготвеноста на припадниците на Армијата, како доверлив партнер во рамки на НАТО алијансата и ги реафирмираше своите заложби и очекувања за натамошна модернизацијата на Армијата и во следните години. ев/дма/

Фото: Кабинет на претседателот на државата 

 

Остани поврзан