• четврток, 26 декември 2024

Пендаровски прими делегација од Советот на Европа за набљудување на претседателските и парламентарните избори

Пендаровски прими делегација од Советот на Европа за набљудување на претседателските и парламентарните избори

Скопје, 27 март 2024 (МИА) - Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска примил делегација на ад-хок комисијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа за набљудување на претседателските и парламентарните избори во Република Северна Македонија, кои престојуваат во предизборна мисија во земјава.

Како што соопштија од кабинетот на Пендаровски, на средбата било разговарано за текот на подготовките на претседателските и парламентарните избори во Република Северна Македонија.

- Делегацијата од ад-хок комисијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа информираше за целите на нивната предизборна мисија, како и за нивните активности, очекувања и улога во изборниот процес. На средбата беше изразено очекување дека претстојните претседателски и парламентарни избори ќе бидат фер, демократски и во мирна атмосфера, во целосна согласност со националното законодавство и меѓународните обврски и стандарди, се наведува во соопштението.  

Претседателот Пендаровски посочил дека како земја - членка на НАТО и земја која претендира да стане членка на Европската Унија, неопходно е на претстојните избори да демонстрираме максимална професионалност од државните институции и политичка коректност и зрелост од страна на сите политички субјекти инволвирани во изборниот процес. цр/ац/

Фотои видео: Претседател на државата Стево Пендаровски

Остани поврзан