• четврток, 26 декември 2024

Пендаровски по повод 7 Мај: Довербата на граѓаните во државата, претставува доверба во нејзините институции

Пендаровски по повод 7 Мај: Довербата на граѓаните во државата, претставува доверба во нејзините институции
Скопје, 7 мај 2022 (МИА) - Довербата на граѓаните во државата, претставува доверба во нејзините институции. Безбедноста и сигурноста претставуваат врвен приоритет на секоја држава и секој поединец, порача претседателот Стево Пендаровски во пораката упатена по повод 7 Мај, Денот на полицијата. -Дозволете на сите припадници на полицијата и на сите вработени во МВР да им посакам и понатаму посветено, професионално и истрајно да ја извршуваат својата задача и да ги штитат интересите на сите наши граѓани. Честит  7 Мај – Денот на полицијата, напиша Пендаровски во пораката.вј/

Остани поврзан