• недела, 24 ноември 2024

Пендаровски постави нови амбасадори во Словачка, Канада, Норвешка, Белгија и Бугарија

Пендаровски постави нови амбасадори во Словачка, Канада, Норвешка, Белгија и Бугарија

Скопје, 9 септември 2022 (МИА) - Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на своите уставни надлежности, денеска потпиша укази за поставување на должноста вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Северна Македонија во Словачката Република, во Канада, во Кралството Норвешка, во Кралството Белгија и во Република Бугарија.

За амбасадор во Словачката Република е поставена Евгенија Илиева, во Канада за амбасадор е поставен Агрон Буџаку, додека во Кралството Норвешка за амбасадор е поставен Дритон Кучи.

Методија Белевски е поставен за амбасадор во Кралството Белгија, додека за амбасадор во Република Бугарија е поставена Агнеза Руси Поповска. дма/

Остани поврзан