• вторник, 24 декември 2024

Пендаровски од Крива Паланка: Ако ни ја дадете довербата, државата ќе продолжи сигурно кон Европа

Пендаровски од Крива Паланка: Ако ни ја дадете довербата, државата ќе продолжи сигурно кон Европа

Крива Паланка, 14 април 2024 (МИА) - Заедно со СДСМ во изминатите седум години ја водевме земјава по вистинскиот пат, направивме крупни работи што ниту една политичка генерација не ги направила од осамостојувањето до денес. Првата крупна работа е тоа што пред четири години влеговме во најмоќната воена организација во историјата на човештвото, НАТО, со тоа добиме тапија за територијалниот интегритет и суверенитет на државата и секој нејзин граѓанин. Тоа го направивме, а воопшто не беше лесно, но не мислевме на нашито политички рејтинг, туку мислевме на иднината и на овие млади деца кои се повеќе ни заминуваат во светот, зашто овде не добиваат пристојна шанса за кариера. Ако се обидевме да калулираме и да се грижиме како претходната политичка гарнитура, само за рејтингот, и им постираме само розови слики на луѓето, сеуште ќе бевме најизолирана држава, не само на Балканот, туку и во Европа, рече вечерва на митингот во Крива Паланка кандидатот за претседател од СДСМ, Стево Пендаровски.

Пендаровски дека втора крупна работа е почнувањето на преговорите за членство во ЕУ, што се постигнало со договорите со соседите.

-Нема друг начин да влезете во развиениот свет отколку да се договорите со првите комшии, па после да размислувате за интеграција во пошироките организации. Но во моментот кога ја одржавме првата конференција и мислевме дек ја ставивме Македонија на „брзата пруга“ и по ова прашање, за жал, освен опструкциите кои ги очекувавме од нашито источен сосед,  неочекувано, доживеавме опшструкции од политичката опозиција, олицетворена во најголемата политичка опозициона партија, ВМРО-ДПМНЕ, кои од свои мотиви, од свои причини, с е однесуваа кон европскито пат на македонија, како Република Бугарија. Ја попречуваа и сеуште ја попречуваат земјава да напредува. Затоа, на 24 април почитувани, имате прилика на таквите политички структури да им кажеме- не бчагодарам. Затоа што само оваа политичка гарнитура која владееше досега, во изминативе 7 години, гарантира дека ќе продолжиме кон Европа, а не да се враќаме кон минатото опкружено со конфликти, тензии, понижување на нашите граѓани , време кога само една фамилија и само една политичка партија просперираше, а сите други беа граѓани од втор ред, рече Пендаровски.

фффф

Немојте воопшто да се размислувате на 24-ти дали да им дадете доверба на тие луѓе кои се истите оние кои знаеме како 11 години живееја на грбот на народот,а како сите ние кои не бевме членови на таа партија, трпевме, рече тој, посочувајќи дека истите тие луѓе влегоа со толпата насилници во собранието на 27 април, а и нивниот претседател на паритјата заедно со нив.

-Не им верувајте, тие луѓе имаат една единствена цел, да дојдат на власт и да останат што е можно подолго, независно од тоа што мислат македонскиот народ и македонските граѓани. Во наредните 4 и 5 години ако ни ја дадете вашата доверба државата ќе продолжи сигурно на курсот кон Европа и ако нема дополнителни опструкции од опозицијата, можно е за 4 години да ги завршиме преговорите со ЕУ и да тргнеме многу побрзо напред, порача Пендаровски.

Претходно, претседателскиот кандидат Пендаровски одржа средби и со граѓаните на Старо Нагоричане и Кратово, каде порача дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ и нивната кандидатка за претседател, Гордана Силјановка Давкова немаат идеја, ниту план за тоа што да прават со евроинтегративниот  процес.

-Тие  велат, подобро да бидеме сами, отколку да одиме со вакви понижувачки договори. Еве нека направат тие подобар договор. Дали знаат како да направат подобар договор? За да направиш подобар договор треба да имаш меѓународни пријатели, тие немаат ниту еден, а овие  договори за кои зборуваат, се направени со помош од меѓународните пријатели. САД и Европа стојат зад договорите, а тие, ВМРО-ДПМНЕ немаат многу-многу пријатели во Европа, во САД воопшто и немаат и затоа велат, ќе ви кажеме на 9 мај што ќе правиме. Почитувани, тоа се вика „мачка во вреќа“ односно политичка пропаганда. Бидејќи немаат никаква понуда, се кријат зад тоа дека договорите не се добри и дека ги штителе националните интереси, рече Пендаровски.

Тој посочи дека за разлика од времето на режимот кога пристапот до најголемите медиуми беше строго одграничен, денеска има демократски амбинет и тоа го гледа секој поединец во државата.

-Некој  ќе рече, требаше и ние така да владееме, но јас не можам така да функционирам. Јас се разликувам од Ѓорге Иванов, јас се разликувам од Гордана Силјановска Давкова, јас не можам да владеам на таков начин, по диктат и да кажувам само моите луѓе и само мојата фамилија ќе напредува. Што станува со другите семејства во нашата држава?, рече Пендаровски додавајќи дека во првиот мандат покажал дека е претседател на сите, без да фаворизира кого било и дека така ќе продолжи и во вториот мандат, ако ја добие поддршката  од граѓаните. ид/мч/

фото: МИА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан