• сабота, 23 ноември 2024

Пендаровски: Не очекувам блокада од Софија за старт на преговорите со ЕУ

Пендаровски: Не очекувам блокада од Софија за старт на преговорите со ЕУ
Скопје, 4 септември 2020 (МИА) - Сите сигнали кои доаѓаат од земјата претседавач со ЕУ, Германија, велат дека до крајот на годинава ќе се случи меѓувладината конференција што би значело старт на пристапните преговори, изјави претседателот Стево Пендаровски во вечерашното интервју за Канал 5. Тој не очекува блокада од Бугарија за отворање на на преговорите. Побитно од тоа кога ќе се случи меѓувладината конференција, според него, е што ќе содржи преговарачката рамка, која треба да биде објавена најмноги за еден месец од сега. - Секоја земја дава свои сугестии, но ќе треба да се види што од тоа ќе влезе во преговарачката рамка како позиции на Бугарија. Нашите аргументи за тие битни национални позиции се јасни. Се надевам дека никој во Европа нема да прифати формулации за македонскиот јазик или дека македонската нација е резултат на етнички инженеринг. Мислам дека тоа во Европа не може да помине кај никој, истакна Пендаровски. Прашан дали има контакти со бугарскиот претседател Румен Радев и дали планира посета на Софија, Пендаровски кажа дека дека нивни заеднички став бил дека пред евентуалната средба би требало да се види позитивен исчекор во работата на зедничката комисија. Откри дека членовите на комисијата имале онлајна средба пред месец и половина која била несупешна. Македонската страна, вели Пендаровски, има свои аргументи и нема причини за одложување и очекува комисијата многу брзо да ја продолжи работата и да продуцира резултати. Шефот на државата рече и дека би сакал да се остварат очекувањата на премиерот Зоран Заев и вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров дека за шест години би ги завршиле преговорите со ЕУ и оти во мандатот на оваа влада ќе бидат затворени 80 отсо од поглавјата, но предупреди и на проблемите што не очекуваат на тој пат. - За жал ЕУ објективно се затвора се повеќе и повеќе. Како некоја земја влегува тој процес се продолжува. Хрватска која последна влезе во ЕУ преговараше седум години,  Србија е во седмата, а Црна Гора во деветата година од преговорите. Не се гледа крајот на преговарачкиот циклус. Сега има и нова методологија, изјави Пендаровски и повика на национален консензус и собирање на сиот ум во земјава за успешни преговори со ЕУ.са/бк/            

Остани поврзан