• недела, 24 ноември 2024

Пендаровски: Најостро го осудувам нападот врз новинарот Зоран Божиновски

Пендаровски: Најостро го осудувам нападот врз новинарот Зоран Божиновски
Скопје, 26 октомври 2022 (МИА) – Претседателот на државата Стево Пендаровски го осуди нападот врз новинарот Зоран Божиновски, повикувајќи на ефикасна истрага за случајот. Пендаровски на својот фејсбук профил напиша дека Република Северна Македонија е правна држава во која мора да се штитат човековите права без разлика на професијата на граѓаните. - Нajостро го осудувам нападот врз новинарот Зоран Божиновски. Република Северна Македонија е правна држава во која се штитат човековите права и слободи, затоа повикувам за ефикасна истрага на овој случај.  Неприфатливо е насилничко однесување кон кој било граѓанин во Република Северна Македонија, без разлика на професијата, стои во објавата.свс/цр

Остани поврзан