• сабота, 23 ноември 2024

Пендаровски нареди да се прогласи тревога на целокупниот состав на Армијата за справување со елементарни непогоди, наредбата стапува на сила веднаш

Пендаровски нареди да се прогласи тревога на целокупниот состав на Армијата за справување со елементарни непогоди, наредбата стапува на сила веднаш
Скопје, 2 август 2021 (МИА) - Вечерва на предлог на Генералштабот на Армијата, а по анализа на состојбите наредив да се прогласи тревога на целокупниот состав на Армијата за справување со елементарни непогоди, сподели претседателот Стево Пендаровски на социјалните мрежи. Ова, како што посочува, е донесено со цел да може во координирана акција со сите институции целокупниот состав на Армијата да се стави на располагање за справување со пожарите на територијата на државата. - Наредбата стапува на сила веднаш, мобилизација на Армијата е во тек, напиша Пендаровски. мс/ац/

Остани поврзан