• среда, 25 декември 2024

Пендаровски и Пич разговараа за состојбите во регионот

Пендаровски и Пич разговараа за состојбите во регионот

Скопје, 17 јуни 2022 (МИА) - Претседателот Стево Пендаровски денеска во „Вила Билјана“ во Охрид го прими сер Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан, со кој разговараше за актуелните состојби во регионот во светло на активностите на Пич како специјален претставник на Обединетото кралство за Западен Балкан.

-Во тој контекст, претседателот Пендаровски ја истакна посветеноста на Обединетото Кралство за одржување на просперитетот и безбедноста на регионот. Обединетото Кралство, посочи претседателот Пендаровски, е докажан пријател на Северна Македонија и силен поддржувач во исполнувањето на нејзините стратешки цели и изрази очекување за продолжување на поддршката за зајакнување на стабилноста, демократијата, владеењето на правото и справувањето со криминалот и корупцијата, соопшти кабинетот на Пендаровски. 

Во контекст на македонските аспирации за членство во Европската Унија, претседателот Пендаровски истакнал дека деблокадата на процесот и отворањето на пристапните преговори за членство со Северна Македонија позитивно ќе се влијае за стабилноста на регионот.

На средбата претседателот Пендаровски и специјалниот претставник Пич размениле мислења и информации во врска на руската инвазија врз Украина, како и делувањето на двете држави во рамки на НАТО Алијансата во однос на ова прашање. сст/лв/

 

Остани поврзан