Пендаровски - Дуда: Нашите европски интеграции се една од клучните точки на дискусија
- Посета на Полска како потврда за зајакнатиот политички дијалог меѓу Северна Македонија и Полска. Разговори со претседателот Анджеј Дуда за актуелните безбедносни прашања, енергетската и еконо
![Пендаровски - Дуда: Нашите европски интеграции се една од клучните точки на дискусија](https://new.mia.mk/index.php/images/20221114012348_big_730x400_79.webp )
Скопје, 24 октомври 2022 (МИА) - Посета на Полска како потврда за зајакнатиот политички дијалог меѓу Северна Македонија и Полска. Разговори со претседателот Анджеј Дуда за актуелните безбедносни прашања, енергетската и економската криза, предизвици со кои заеднички се соочуваме во Европа, напиша претседателот на државата Стево Пендаровски на неговиот фејсбук профил.
- Нашите европски интеграции се една од клучните точки на дискусија, имајќи ја предвид и силната полска поддршка што ја имавме за отпочнувањето на пристапните преговори со ЕУ, објави шефот на државата Пендаровски на фејсбук. цр/
![312824456_679145336909713_1315882493753258170_n](/articles/images/%d0%bf%d0%b5%d0%bd%d0%b4%d0%b0%d1%80%d0%be%d0%b2%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d0/sU9iLbP0J/placeholder.webp?use_watermark=0)
![312951780_679145363576377_4307433337065717643_n](/articles/images/%d0%bf%d0%b5%d0%bd%d0%b4%d0%b0%d1%80%d0%be%d0%b2%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d0/BC0OIqvQS/placeholder.webp?use_watermark=0)