• среда, 25 декември 2024

Пендаровски: Денешните одлуки значат поддршка на европската агенда, сега е потребно ЕУ да испорача

Пендаровски: Денешните одлуки значат поддршка на европската агенда, сега е потребно ЕУ да испорача
Скопје, 16 јули 2022 (МИА) - Денешните одлуки донесени од страна на Парламентот и Владата значат поддршка на европската агенда на земјата, оценува претседателот на државата Стево Пендаровски.
- Одлуките не беа ниту малку лесни да се донесат, но ќе овозможат деблокада на европските интеграции и спроведување на неопходниот скрининг процес. Сега е потребно и ЕУ да испорача, без одложување, напиша попладнево претседателот Пендаровски на „Фејсбук“. бак/мс/

Остани поврзан