• недела, 24 ноември 2024

Пендаровски: Да почекаме како ќе се развива ситуацијата по неуспешниот обид за изгласување недоверба на Владата

Пендаровски: Да почекаме како ќе се развива ситуацијата по неуспешниот обид за изгласување недоверба на Владата
Скопје, 13 ноември 2021 (МИА) - Да почекаме од понеделник да видиме како ќе се развива ситуацијата по овој неуспешен обид за изгласување недоверба на Владата. Јасно е дека состојбата сега е пата-пата. Да видиме дали од понеделник ќе се формира ново, ќе се обнови постојното или ќе се зголеми ова што е досега мнозинство од 61 пратеник, изјави вечерва претседателот Стево Пендаровски. Во одговор на новинарско прашање за можно одржување на лидерска средба, Пендаровски посочи дека неговиот став за да се одржи таква средба „од кој било аспект на тековната политичка криза, што започна по вториот круг на локалните избори, потребна е взаемна согласност од власта и опозицијата“. Прашан дали ќе има предвремени парламентарни избори, шефот на државата појасни дека според Уставот, постои само еден начин за распишување предвремени избори, а тоа е пратениците со 61 глас „за“ да го распуштат Собранието. ки/сп/

Остани поврзан