• вторник, 12 ноември 2024

Пендаровски го потпиша указот за законските измени со кои до 31 декември се пролонгира важењето на возачките дозволи со старото уставно име

Пендаровски го потпиша указот за законските измени со кои до 31 декември се пролонгира важењето на возачките дозволи со старото уставно име

Скопје, 12 февруари 2024 (МИА) - Претседателот Стево Пендаровски го потпиша указот за измените на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата со кои се пролонгира важењето на возачките дозволи со старото уставно име, а крајниот рок за нивна замена ќе биде 31 декември 2024.

Претседателот Пендаровски, како што соопшти неговиот Кабинет, ја поздравува одлуката на пратениците кои денеска ги ставија интересите на граѓаните над дневната политика и донесоа решение за возачките дозволи.

Собранието попладнево, со 90 гласа „за“ ги донесе законските измени согласно кои рокот за вадење нови возачки со ознаката „Република Северна Македонија“ наместо до вечерва на полноќ, се продолжува до 31 декември 2024. мч/аа/

фото: МИА архива

Остани поврзан