• четврток, 26 декември 2024

Пендаровски: Бошњаците се интегрален дел од македонското општество

Пендаровски: Бошњаците се интегрален дел од македонското општество
Скопје, 28 септември 2022 (МИА) - Претседателот Стево Пендаровски денеска упати честитка до припадниците на бошњачката заедница во земјава по повод 28 Септември - Меѓународниот ден на Бошњаците. -Овој ден е еден од важните празници што го симболизираат богатството од етнички, верски, јазични и културни идентитети под македонското небо. Во нашата заедничка татковина, Република Северна Македонија, ние различноста на идентитетите ја разбираме не како слабост, туку како наша најголема сила и вредност. Оттука, одбележувајќи го Меѓународниот ден на Бошњаците, ние вложуваме во нишката на инклузивноста што ги држи различните етникуми заедно и во добро и во лошо, стои во честитката. Шефот на државата псочува дека најголем успех на државата е ако сите нејзини граѓани, независно од нивниот идентитет, ја чувствуваат како своја татковина и ако преку своите засебности придонесуваат кон општото добро. -Горди сме што вие, Бошњаците сте интегрален дел од македонското општество, но и важна врска на Северна Македонија со држави во кои живеат ваши сонародници. Верувам дека само сплотени ќе ги надминеме сите здравствени, политички и економски предизвици и ќе ја оствариме визијата за стабилна и просперитетна Република Северна Македонија. Дозволете, уште еднаш, да ви го честитам 28 Септември, Меѓународниот ден на Бошњаците и да ви посакам многу здравје, радост и бериќет, се наведува во честитката од претседателот Пендаровски. мд/са/

Остани поврзан