• четврток, 26 декември 2024

Пендаровски: Апелите не допираат до политичките субјекти кои на сите трагедии им даваат етничка конотација, потребно е дејствување на правната држава 

Пендаровски: Апелите не допираат до политичките субјекти кои на сите трагедии им даваат етничка конотација, потребно е дејствување на правната држава 

Скопје, 6 декември 2023 (МИА) - Шефот на државата Стево Пендаровски денеска истакна дека водењето на политика, која поттикнува етничка омраза е опасно, особено за мултиетничка држава како Северна Македонија, а особено лоша пракса е на трагедиите, како последната со убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски да им се дава етничка конотација и на жртвите, но и на сторителите.

Апелите не допираат до политичките субјекти кои на сите трагедии им даваат етничка конотација, потребно е дејствување на правната држава 

Тој денеска на маргините на Отворениот форум за антикорупција, одговарајќи на новинарски прашања да даде порака до јавноста истакна дека станува збор за трагедија во која животот го губат двајца наши сограѓани, а за оние кои шират говор на омраза и поттикнуваат етничка толеранција истакна дека смета оти апелите не допирата до нивната свест и оти е потребно правната држава да ги преземе неопходните чекори во таа смисла. 

-Сега вие барате од мене порака за јавноста, мислам дека тоа не допира до нивната свест, не допира. Просто тие се така скорени, така мислат дека треба да се води политиката, што е исклучително опасно за една држава како што е Македонија, со ваква внатрешна етничка и религиска структура, да се поигруваш со тие работи, со тој говор на омраза. Мислам дека тие луѓе и партии треба да се санкционираат. Едноставно кажано нема потреба од апели, тоа не допира до нивната свест, не им допира до умот. И потребно е правната држава да ги преземе неопходните чекори во таа смисла...Таа пракса, лоша пракса на сите сторители или жртви да гледаме само низ етничка призма, а последниов трагичен случај нема никаква етничка компонента, се случува кај одредени политички субјекти и политичари, поединци, долг период наназад, истакна Пендаровски. 

Тие субјекти, како што рече претседателот на државата, прибегнуваат кон таква политика, бидејќи немаат други конкретни политички понуди.

-Зошто го прават тоа, затоа што не се свесни за опасноста. Ако влезеш во реторика со етнички призвук, ќе ти биде одговорено на ист начин од другата етничка страна. А го прават тоа затоа што немаат реална политичка понуда. Што ќе понудат, освен закани, ако таквите дојдат на власт ќе биде вака, од едната страна ќе бидат Албанците, од другата Македонците, ќе биде лошо, порача Пендаровски.

Тој рече и дека последниот трагичен настан е трагедија за двајца наши сограѓани, но и дека осомничените засега се само обвинети и оти е потребно и за нив да се почитува пресумпцијата на невиноста, односно да се почека исходот од судската постапка.

-Меѓутоа особено првообвинетиот, е познат по таква реторика, со говор на омраза, децении, децении наназад и никој ништо не му направил. Значи тој и тој беше во политиката. Политиките на неговата партија низ негова уста сееја само омраза кон одредени етнички заедници кои живеат во Македонија. Значи не ме чуди дека на таква реторика, која претходеше на злосторот, сега се одговараат други со слична структура, политичари или јавни личности сеедно или луѓе активни на социјалните мрежи, кои само го продолжуваат тоа што тој го правеше со години, а системот за жал не реагираше, рече Пендаровски.

Во меѓувреме на социјалните мрежи е креирана и група, која во моментов брои околу 90 членови, која бара правда за Палчо. Во групата насловена како „Правда за Палчо, правда за Вања, правда за Панчо, правда за Македонија“, членовите изнесуваат теории на заговор дека случајот е монтиран, со цел Палчо да се тргне од политичката сцена. Во нивните теории на заговор, радикалните десничари сметаат дека случајот е смислен од УДБА, ЦИА и НАТО за „заплашување на македонскиот порив за родољубие и за одбрана на канонската чистина на православието“.

Министерот Оливер Спасовски синоќа на прес-конференцијата на која го обелодени апсењето на првоосомничениот Љупчо Палевски-Палчо во Турција истакна дека мирот и стабилноста во државата никој не може да ги загрозува и дека партијата на Палевски мора да биде дерегистрирана. 

- Вакво криминално гнездо како што е направено, мора да се разбие до крај. И такви политички партии кои со, не знам какви проминенции тоа го прават, како што е оваа, таа мора да биде дерегистрирана, рече Спасовски.

Палевски вчера беше уапсен во Турција, а Министерството за правда информира дека од надлежните турски власти побарале тој да биде задржан во притвор поради екстрадиција сѐ до завршувањето на постапката. Оттаму велат дека очекуваат Турција веднаш да постапи по нивното барање.

За останатите четворица осомничени судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје определи мерка притвор од 30 дена по барање на Јавното обвинителство кое отвори истражна постапка за две убиства на свиреп начин по кривичната пријава добиена од Министерството за внатрешни работи. 

Lupço Palevski -Pallço i dyshuari kryesor për vrasjen e Vanja Gjorçevskës dhe Pançe Zhezhovskit përmes Serbisë dhe Bullgarisë është larguar për në Turqi, ku është arrestuar me fletarrest ndër

Осомничени за убиството на Вања и Панче, покрај Палевски се и неговите сопартијци од Десна, Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски, кои ја признаа вината. Во случајот, според истрагата е вмешан и таткото но Вања, Александар Ѓорчевски, кој се сомничи дека споделувал информации со останатите осомничени за движењето на неговата ќерка, а за кого Обвинителството вчера информираше дека ги негирал дејствијата. свс/ац/

Фото: МИА архива/Кабинет на претседател на државата/Фејсбук

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан