• среда, 18 декември 2024

Пендаровски-Бегај: Неопходност од продолжување на реформите во двете држави

Пендаровски-Бегај: Неопходност од продолжување на реформите во двете држави

Скопје, 15 декември 2023 (МИА) - Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари средба со претседателот на Албанија, Бајрам Бегај, на која било изразено задоволство од континуираниот политички дијалог, како и развојот на билатералните односи меѓу двете држави, при што била нагласена обостраната посветеност кон добрососедските односи.

Како што соопшти Кабинетот на Пендаровски, двајцата претседатели посочиле дека како сојузници во НАТО, двете држави се подготвени за збогатување на меѓусебната соработка, со цел поактивен придонес за просперитетот, стабилноста и безбедноста на регионот и на евроатлантската заедница.

Претседателот Пендаровски и претседателот Бегај размениле мислења и информации за европските интеграции, како и за исходот од Самитот на Европскиот Совет во Брисел.

Тие ја констатирале потребата за деблокирање на процесите, како и продолжување на реформските процеси во двете држави, стои во соопштението на Кабинетот на Пендаровски. нд/ир/

Фото: Кабинет на Претседател

Остани поврзан