• среда, 25 декември 2024

Пелоси: Претставничкиот дом ќе гласа за ограничување на воените акции на Трамп

Пелоси: Претставничкиот дом ќе гласа за ограничување на воените акции на Трамп
Вашингтон, 9 јануари 2020 (МИА) – Претставничкиот дом на американскиот Конгрес денеска ќе гласа за резолуција, која има за цел да ги ограничи овластувањата на претседателот на САД, Доналд Трамп да покрене воена акција против Иран, најави претседателката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси. Таа додаде дека гласањето ќе се одржи бидејќи одредени членови на Конгресот се загрижени поради тоа што администрацијата на Трамп за време на брифингот со пратениците не ја изнела стратегијата и одлуките. Изјавата на Пелоси уследи откако Иран утрово истрела повеќе балистички ракети врз две воени бази во Ирак, во кои се стационирани американски војници, а Иранската револуционерна гарда презеде одговорност за нападот, истакнувајќи дека тоа е одмазда за убиството на командантот на единицата Кудс, Касим Сулејмани. Пелоси посочи дека убиството на Сулејмани, извршено од администрацијата на Трамп, ги загрози американските војници, дипломати и други „ризикувајќи сериозна ескалација на тензиите со Иран“. ми/

Остани поврзан