• четврток, 26 декември 2024

Пелоси ќе ја посети Ерменија откако стапи на сила примирјето со Азербејџан

Пелоси ќе ја посети Ерменија откако стапи на сила примирјето со Азербејџан
Берлин, 17 септември 2022 (МИА) - Претседателката на Претставничкиот дом на Американскиот конгрес Ненси Пелоси изјави дека планира да ја посети Ерменија за време на викендот, каде што втор ден е на сила прекин на огнот, откако избувнаа борбите со соседен Азербејџан во кои загинаа повеќе од 200 војници од двете страни. Пелоси им рече на новинарите во Берлин дека денеска ќе отпатува во Ерменија со делегација во која е и демократската конгресменка од Калифорнија, Џеки Спејер, која има ерменско потекло. „Во секој случај, пред се станува збор за нашите човекови права и почитување на достоинството и личноста на секој човек“, рече таа. Ерменското Министерство за одбрана соопшти дека ситуацијата на границата со Азербејџан останала мирна откако во средата стапи на сила прекинот на огнот во 20 часот по локално време, а не се забележани никакви прекршувања. Примирјето дојде по дводневни жестоки борби, што го означи најостриот вооружен судир меѓу двете земји во речиси две години. паг/    

Остани поврзан