• четврток, 26 декември 2024

Пелоси: Украина се бори за демократија за сите нас

Пелоси:  Украина се бори за демократија за сите нас
Загреб, 25 октомври 2022 (МИА) - Украинскиот народ се бори за демократија за сите нас, изјави денеска во Загреб претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес Ненси Пелоси. „Крим е Украина. За жал, сега знаеме дека руските акции на Крим се само една димензија на сеопфатен напад врз Украина и демократијата““, нагласи Пелоси во своето обраќање. Пелоси учествува на првиот парламентарен самит на Кримската платформа во Загреб, организиран од хрватскиот Сабор и Врховната рада. Таа истакна дека борбата на Украина е важна за сите демократии. „Украинскиот народ се бори за демократија во својата земја, но се бори и за сите нас“, рече претседателката на Претставничкиот дом на САД.
САД испратија повеќе од 60 милијарди долари хуманитарна, економска и воена помош за Украина од почетокот на руската инвазија. Пелоси додаде дека Вашингтон ќе продолжи да го поддржува Киев. „Тоа е она што ќе го правиме - се додека не се постигне победа“, рече таа. Во последните недели Русија ги засили нападите врз украинските градови, цивилната и енергетската инфраструктура. Пелоси ја обвини Русија дека „нападите врз цивилната инфраструктура се воени злосторства“ и нагласи дека санкциите против Русија треба да продолжат. паг/  

Остани поврзан