• четврток, 26 декември 2024

Пелоси: Симболите кои се во чест на Конфедерацијата - мора да бидат отстранети

Пелоси: Симболите кои се во чест на Конфедерацијата - мора да бидат отстранети
Вашингтон, 11 јуни 2020 (МИА) - Претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси денеска изјави дека симболите на генералите кои се бореле на страната на Конфедеративните американски држави за време на американската граѓанска војна (1861-1865) мора да бидат отстранети од Капитол Хил и од американските воени бази. - Нивните имиња мора да бидат отстранети од тие бази и нивните статуи мора да се повлечат од Капитол. Американскиот народ знае дека тие имиња мора да си одат, изјави демократката Пелоси пред новинарите. За време на демонстрациите што се одвиваат во САД откако бел полицаец го уби Афроамериканецот Џорџ Флојд во Минеаполис, спомениците на истакнати претставници на Конфедерацијата во неколку американски градови беа мета на противниците на расната дискриминација, а официјални лица од некои сојузни држави размислуваат за нивно отстранување. ссм/

Остани поврзан