• петок, 27 декември 2024

Пелоси од Тајван замина за Јужна Кореја, откако се сретна со активисти

Пелоси од Тајван замина за Јужна Кореја, откако се сретна со активисти
Вашингтон, 3 август 2022 (МИА) - По посетата на Тајван, претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси полета кон нејзината следна станица од патувањето во Азија, Јужна Кореја, пренесе ДПА. Претходно, таа се сретна со активисти за човекови права, вклучувајќи го и поранешниот лидер на кинеското демократско движење, Вуер Каикси, што беше крваво потиснато во 1989 година. Пелоси се сретна и со поранешниот продавач на книги во Хонгконг, Лам Винг-ки и со социјалниот активист Ли Минг-чи, двајцата кои беа затвореници во Кина, во паркот за човекови права и култура Џингмеј. Ли само што се врати во Тајван од Кина, откако отслужи петгодишна затворска казна за „уривање на државната власт“. Дискусијата, која ја следеа и други претставници за човекови права, се фокусираше на тоа како човековите права може да се промовираат во Кина, Хонгконг и особено во регионот Ксинџијанг, појаснија учесници. бд/сд/

Остани поврзан