• четврток, 26 декември 2024

Пелоси: Легитимно е да се праша за состојбата на Бајден

Пелоси: Легитимно е да се праша за состојбата на Бајден

Вашингтон, 2 јули 2024 (МИА) – Поранешна претседателка на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси денеска изјави дека е легитимно да се изрази загриженост дали претседателот Џо Бајден е способен да ја извршува функцијата по неговиот лош настап во телевизиската дебата со Доналд Трамп.

Мислам дека е легитимно да се праша: Дали ова е епизода или ова е состојба? изјави Пелоси одговарајќи на прашањето на Ем-Ес-Ен-Би-Си (МСНБЦ) за Бајден, кој честопати ги губеше мислите и зборовите во дебатата со Трамп, што ги зголеми стравовите за неговата возраст и ментална состојба. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан