• четврток, 26 декември 2024

Пелоси во Ерменија ги осуди „нелегалните напади“ на Азербејџан

Пелоси во Ерменија ги осуди „нелегалните напади“ на Азербејџан
Ереван, 18 септември 2022 (МИА) - Претседателката на Претставничкиот дом на Американскиот конгрес, Ненси Пелоси остро ги осуди „нелегалните напади“ на Азербејџан на ерменската територија долж границата, а за време на нејзината посета на рускиот воен сојузник вети американска поддршка за ерменскиот суверенитет. Пелоси во Ереван рече дека нејзината посета е особено важна по „нелегалните и смртоносни напади на Азербејџан на ерменска територија“.
Повеќе од 200 луѓе загинаа во судирите долж границата во последните денови. „Силно ги осудуваме овие напади. Азербејџанците го започнаа тоа и мора да се признае“, рече Пелоси.
Таа истакна дека е јасно дека граничните конфликти се предизвикани од нападите на Азербејџан врз Ерменија и дека хронологијата на конфликтот е јасна. „САД ја слушаат Ерменија за нејзините одбранбени потреби“, рече Пелоси, додавајќи дека Вашингтон сака да и помогне и да ја поддржи Ерменија како дел од глобалната борба меѓу демократиите и автократиите. паг/    

Остани поврзан