• недела, 24 ноември 2024

Пелони: Сè додека имаме пандемија, ќе постојат рестриктивни мерки за невакцинираните

Пелони: Сè додека имаме пандемија, ќе постојат рестриктивни мерки за невакцинираните
Атина, 2 јули 2021 (МИА) – Рестриктивни мерки, строго за заштита на јавното здравје, ќе продолжат да постојат за невакцинираните, сè додека имаме пандемија, рече портпаролката на грчката Влада Аристотелиа Пелони во интервјуто за радиото „Алфа 989“ и додаде дека од моментот кога сите вакцини се достапни за сите, „не може да разговараме за рестрикции за целотото општество и економијата“, јави дописничката на МИА од Атина. Пелони објасни дека пандемијата во земјата се стабилизира, но од друга страна постои закана од мутациите и затоа истакна дека е потребно забрзување на процесот на вакцинација. - Штом ова оружје го имаме во наши раце, немаме никаков изговор да не го користиме. Не постои изговор за да не се вакцинираме. И од моментот кога, очигледно, вакцината е достапна за сите, локдаун, рестриктивни мерки за целата земја, во никој случај не се решение. Се надеваме дека нема да има исклучоци. Но, ако има, сепак, ќе бидат насочени мерки. Рестрикциите ќе важат за невакцинираните, објасни портпаролката на грчката Влада. ср/паг/

Остани поврзан