• недела, 24 ноември 2024

Пелони: Нема смисла да се дискутира за привилегии за вакцинираните, бидејќи вакцинацијата не е отворена за сите возрасни групи

Пелони: Нема смисла да се дискутира за привилегии за вакцинираните, бидејќи вакцинацијата не е отворена за сите возрасни групи
Атина, 10 мај 2021 (МИА) – Дискусијата за ексклузивни привилегии на вакцинираните лица нема смисла, освен ако за имунизација не се отворени сите возрасни групи, рече портпаролката на грчката Влада Аристотелиа Пелони на денешниот редовен брифинг со новинарите во однос на објавите во медиумите за можноста, оние граѓани кои се веќе вакцинирани да имаат отворен пристап до одредени активности, јави дописничката на МИА од Атина. Во однос на процесот на имунизација во земјата, таа истакна дека од почетокот на месецов веќе се вакцинираат по 100.000 граѓани дневно, а до крајот на мај ќе бидат спроведени над 5.400.000 вакцинации. - Со една доза ќе биде вакцинирано околу 33 отсто од населението, а со двете дози околу 20 проценти од популацијата, истакна Пелони. ср/гт/

Остани поврзан