• четврток, 26 декември 2024

Пелистер ја доби организацијата на финалниот турнир на Купот „Благоја Георгиевски - Буштур“ 2024

Пелистер ја доби организацијата на финалниот турнир на Купот „Благоја Георгиевски - Буштур“ 2024

Скопје, 18 јануари 2024 (МИА) - Организацијата на финалниот турнир на кошаркарскиот куп „Благоја Георгиевски - Буштур“ 2024 - мажи е доделена на КК „Пелистер“ од Битола. Завршницата ќе се игра од 15 - 17 февруари во спортската сала „Боро Чурлевски“.

- Согласно со пропозициите за натпреварување на Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“ 2024 во машка конкуренција, Македонската кошаркарска федерација распиша конкурс за техничка организација на завршниот турнир од ова натпреварување. По предвидениот рок за испраќање на пријави за добивање на организацијата, донесена е одлука организацијата на финалниот турнир за натпреварувачката сезона 2023/2024 година, да му се додели на КК „Пелистер“  од Битола, соопшти попладнево КФСМ.

Место во завршницата на ова натпреварување, обезбедија екипите на: МЗТ Скопје Аеродром, Еуро Никел 2005, Пелистер, Чаир 2030, Работнички, ТФТ Моцарт, Феникс 2010 и Гостивар.

Согласно со пласманот на екипите по првиот круг од регуларниот дел од сезоната (11 одиграни кола) од Првата лига-мажи, во четвртфиналето ќе се сретнат:  
(1) МЗТ Скопје Аеродром – (8) Гостивар
(2) Пелистер – (7) Феникс 2010
(3) Еуро Никел 2005 – (6) Чаир 2030
(4) Работнички – (5) ТФТ Моцарт

Македонската кошаркарска федерација ќе биде организатор на финалниот турнир од Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“2024 во женска конкуренција. Терминот и местото на одигрување на завршницата на Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“ 2024 - жени, ќе бидат дополнително објавени.  зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан