• вторник, 24 декември 2024

Пелистер последен учесник во полуфиналето на кошаркарскиот Куп на Македонија

Пелистер последен учесник во полуфиналето на кошаркарскиот Куп на Македонија

Битола, 15 февруари 2024 (МИА) - Во последниот меч од четвртфиналето на Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“, кошаркарите на Пелистер стигнаа до триумф над Феникс 2010 со 81:70 (35:38), и со тоа станаа последниот учесник во полуфиналето на кошаркарскиот Куп на Македонија.

Пред своите навивачи клубот од Битола го оправда статусот на фаворит, покажа добра игра и заслужено дојде до триумф. Избраниците на тренерот Дарко Радуловиќ го одиграа еден од најдобрите натпревари оваа сезона и со слична игра можат да се надеваат и за место во финалето.

Победниците ги предводеше Магдевски, кој реализираше 17 поени, го следеше Маслинко со 14, Стојановски имаше 11, а Најт уште 10 поени.

Во екипата на Феникс 2010, Џонс забележа 20 поени, додека Трајковски зад своето име запиша 16 поени и 11 скока. 

Утре навечер, од 19.30 часот, Пелистер ќе го продолжи својот пат кон пехарот од Купот на Македонија, а следна пречка кон таа цел е кавадаречки Еуро Никел 2005.

Резултати:

Четвртфинале:

МЗТ Скопје Аеродром – Гостивар      91:76
Еуро Никел 2005 – Чаир 2030            87:79
Работнички – ТФТ Моцарт                  75:68
Пелистер – Феникс 2010                     81:70

Полуфинале:

16.февруари

17.00: МЗТ Скопје Аеродром – Работнички
19.30: Еуро Никел 2005 – Пелистер.дс

Фото: КФСМ

Остани поврзан