• недела, 01 септември 2024

Пеле му го честита на Роналдо апсолутниот рекорд за најмногу постигнати голови

Пеле му го честита на Роналдо апсолутниот рекорд за најмногу постигнати голови
Рио де Жанеиро, 15 март 2021 (МИА) - Легендарниот бразилски фудбалер Пеле го изрази своето воодушевување од напаѓачот на Јувентус и Португалија, Кристијано Роналдо. Поранешниот фудбалер му го честиташе на 36-годишниот играч апсолутниот рекорд по бројот на голови. Откако постигна хет-трик на натпреварот од италијанскиот шампионат против Каљари, Роналдо во кариерата стигна до 770 погодоци, додека Пеле погоди 767 пати. - Ти се восхитувам. Сакам да те гледам како играш, и тоа не е тајна за никого. Животот е осамен лет, секој оди по сопствен пат. И какво патување имате! - напиша Пеле на Инстаграм. Оваа сезона, Роналдо одигра 33 натпревари за Јувентус, постигна 30 погодоци и забележа пет асистенции. зс/

Остани поврзан