• среда, 13 ноември 2024

Пелеши од Пустец: Горд сум што со нашиот сојузник МАЕИ со заеднички сили ќе ја трансформираме оваа општина на македонското малцинство

Пелеши од Пустец: Горд сум што со нашиот сојузник МАЕИ со заеднички сили ќе ја трансформираме оваа општина на македонското малцинство

Дебар, 15 мај 2023 (МИА) - Горд сум и многу среќен што ние заедно со нашите сојузници, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), имаме консолидирано една долгорочна и стабилна алијанса која несомнено го даде овој резултат. Втор мандат за Пали Колефски, што е и заслужено, рече меѓу другото албанскиот министер за одбрана Нико Пелеши во Пустец.

Пелеши кој беше и координатор за локалните избор на владејачката Социјалистичка партија за округот Корча, најави големи проекти за Пустец.

- Со нетрпение очекуваме да почне нивната имплементација со што ќе се трансформираат работите во ова мала но прекрасна општина, општина на македонското малцинство, eдна Биосфера на УЕСКО. Тоа заедно со Пали Колефски кој како одличен менаџер се потврди и во првиот мандат, рече тој.

Претходно, Пелеши при посета на населените места порача дека „без разлика на некои странски влијанија, во Преспа живеат Македонци“.

-Во Преспа живеат Македонци, со македонски јазик, идентитет, култура, традиции. Без разлика на некои странски влијанија за нас тука живеат Македонци. Тие се една прекрасна, вредна и почитувана заедница, што е додадена вредност во мозаикот на културните, историските, етнографските и јазичните вредности на нашите простори, порача Пелеши. вт/мс/

Фото: МАЕИ 

Остани поврзан