• петок, 26 јули 2024

Пелеши: Бродот „Орику" спаси 20 мигранти во Егејско Море, чиј гумен чамец постоело опасност да потоне

Пелеши: Бродот „Орику

Тирана, 24 јули 2024 (МИА) - Бродот „Орику" на албанската воена морнарица, во водите на Егејско Море, спасил 20 мигранти кои пловеле со гумен чамец, кој постоело опасност да потоне.

Ова го објави министерот за одбрана, Нико Пелеши, наведувајќи дека албанскиот брод „Орику“ со мисија во Егејското Море продолжува да придонесува за спречување на илегалната имиграција во водите на Алијансата.

- Албанскиот екипаж, додека пловел во патролниот регион, го забележал чамецот, кој се соочувал со потешкотии и спасил 20 мигранти од Палестина. Предадени се на грчката крајбрежна стража за понатамошни постапки, напиша министерот.

Според албанското Министерство за одбрана, во рамки на хуманата мисија овој и бродот „Бутринти" спасиле стотици мигранти кои илегално се обидуваат да се префрлат преку Егејско Море. вт/рп/


Фото: ФБ на Пелеши

Остани поврзан