• недела, 24 ноември 2024

Пелегрини ќе потпише нов договор со Рома

Пелегрини ќе потпише нов договор со Рома
Рим, 17 септември 2021 (МИА) - Тренерот на Рома, Жозе Мурињо по 1. коло од групната фаза на Конференциската лига против ЦСКА Софија објави дека играчот од средниот ред Лоренцо Пелегрини ќе потпише нов договор. Моменталниот договор на 25-годишниот капитен на тимот со клубот е со важност до крајот на тековната сезона. Фудбалерот игра за Рома од 2017 година. Во исто време, тој е „дете“ на клубот, кој го напушти во 2015 година за да се пресели во Сасуоло. На 9 септември беше објавено дека Пелегрини ќе потпише нов договор со Рома со плата од три милиони евра годишно. Во исто време, клаузулата за откуп на фудбалер за 30 милиони евра ќе биде отстранет од договорот. зс/

Остани поврзан