• среда, 27 ноември 2024

Пелегрини: Словачка е и ќе остане сигурен партнер на НАТО

Пелегрини: Словачка е и ќе остане сигурен партнер на НАТО

Брисел, 28 јуни 2024 (МИА) - Словачка е и ќе остане сигурен партнер на НАТО, изјави денеска словачкиот претседател Петер Пелегрини на средбата со генералниот секретар на пактот Јенс Столтенберг во седиштето на Алијансата во Брисел.

Пелегрини додаде дека неговата земја ќе биде дел од поддршката што и се дава на Украина преку НАТО.

„Ние продолжуваме да и обезбедуваме на Украина средства за деминирање, како и енергија. Набргу по почетокот на војната, на украинската страна и го доставивме системот за воздушна одбрана С-300 и сите ловци МиГ-29 што ги имавме“, додаде тој.

Според него, денеска Словачка не располага со средства за противвоздушна одбрана, а пред војната се потпираше на два системи „Патриот“ и еден „Мамба“.

„Важно е да се најде решение за заштита на воздушниот простор, инсистираше Пелегрини. Може да се случи земја на источното крило на НАТО, граничи со Украина, да нема заштита на воздушниот простор“, појасни Пелегрини.

Тој истакна дека трошоците за одбрана на неговата земја достигнале 2,11 отсто од БДП. Пелегрини му се заблагодари на сојузничкиот баталјон во Словачка под команда на Чешка досега и на Шпанија од почетокот на јули. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан