• петок, 25 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Пекинг предупредува на „манипулација“ за апсење на двајца негови граѓани во Украина

Пекинг предупредува на „манипулација“ за апсење на двајца негови граѓани во Украина

Пекинг, 15 април 2025 (МИА) - Кина повика да се избегне каква било „политичка манипулација“ во врска со апсењето на двајца нејзини граѓани во Украина, откако тие се бореле на страната на руската армија.

-Ги повикуваме засегнатите страни да внимаваат на објективната и непристрасна позиција на Кина и да се воздржат од политички манипулации и медиумска возбуда, изјави за новинарите портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Лин Џианг.

Кинеските власти во моментов ги проверуваат информациите и околностите околу двајцата граѓани, додаде тој. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан