• четврток, 24 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Пекинг: Изјавата на Зеленски за кинески борци во Украина е неодговорна

Пекинг: Изјавата на Зеленски за кинески борци во Украина е неодговорна

Пекинг, 10 април 2025 (МИА) – Кинеските власти денеска ја оценија изјавата на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека Пекинг знаел дека Русија регрутира кинески војници да се бодат во Украина како „неодговорна“.

Зеленски пред два дена изјави дека Киев има информација оти 155 кинески државјани и помагаат на Москва во нејзината инвазија. А, еден ден претходно соопшти дека украинската армија заробила двајца кинески војници во Доњецк. Украинскиот претседател тврди дека Кина знаела дека Русија регрутира десетици нејзини државјани. Според него Русија вовлекува и други држави во војната.

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Лин Џијан истакна дека „ги советуваме релевантните страни да имаат фер и разумно гледање на улогата на Кина и да не даваат неодговорни изјави“.

- Кинеската Влада отсекогаш барала од своите граѓани да се држат подалеку од конфликтните зони и особено да избегнуваат учество во воените операции на која било страна. Сакам да повторам дека Кина не е ниту иницијатор на украинската криза, ниту нејзина страна. Ние сме жестоки поддржувачи и активни промотори на мирно решение, наведе Лин.

Тој додаде дека Кина повикува на почитување на територијалниот интегритет на сите земји, вклучително и Украина, и се претставува како неутрална страна која може да помогне да се најде политичко решение.

Но, Пекинг никогаш јавно не ја осуди Русија за нападот врз Украина и ги зајакна економските, воените и политичките врски со Москва. ми/

фото: ДПА

Остани поврзан