• четврток, 26 декември 2024

Пекевски: Работиме на постојано подобрување на животот на ромската заедница во Берово

Пекевски: Работиме на постојано подобрување на животот на ромската заедница во Берово

Берово, 8 април 2023 (МИА) - Градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски упати честитка до припадниците на ромската етничка заедница од Берово по повод Меѓународниот ден на Ромите, 8 Април. Осврнувајки се на добриот соживот со ромската заедница, најави реализација на нови проекти за подобрување на животот на Ромите во Берово.

-Во изминатиот период, вложуваме средства за реализација на проекти од комунална и патна инфраструктура, подобрување на социо економската положба, олеснување на образновниот процес, урбанизација, легализација, домување, водовод и канализација, со  што постојано работиме на  подобрување на квалитетот на  живот на Ромите во Берово, рече Пекевски.
 
Ромите како што додаде се рамноправни граѓани кои ги уживаат придобивките да го негуваат својот јазик, да ги унапредуваат и чуваат своите културни вредности и традицијата и да бидат рамноправен член, во сите општествени сфери.
 
-Заедно и сполотено,  продолжуваме и понатаму да ги надминуваме проблемите и да градиме едно општество за сите. Со огромна почит кон припадниците на Ромската етничка заедница, на сите, Ви го честитам Меѓународниот ден на Ромите- 8 април, еден од најважните датуми во историјата на овој народ и посакувам добро здравје, среќа, успех и многу позитивна енергија, додаде Пекевски.
 
Претходно на свеченост организирана од Општината, беровскиот градоначалник ги додели наградите на најуспешните ученици Роми во основото и средното образование. вс/аа/Фото: МИА

Остани поврзан