• среда, 27 ноември 2024

Пекевски потпиша договор за изградба на патот Берово - Црвен Брег - Абланица

Пекевски потпиша договор за изградба на патот Берово - Црвен Брег - Абланица

Берово, 19 декември 2023 (МИА) - Со средства од Буџетот на Северна Македонија во Берово ќе се гради патот Берово - Црвен Брег - Абланица. Информацијата ја соопшти градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски по денешното потпишување договор со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

- Денеска со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски го потпишавме договорот за „Изградба на пат Берово-Црвен Брег- туристичка населба Абланица“. Овој пат е многу значаен за жителите на Општина Берово, но и за посетителите, за рекреативците и за сите кои уживаат во прошетките во природа, информираше Пекевски.

Со реконструкцијата на овој пат уште еднаш, како што додаде, Општината ја потврдува  заложбата за олеснување на пристапот на жителите до нивните имоти.

-Исто така сметам дека проектот ќе влијае на подобрување на условите за рекреативен туризам и воопшто за подобрување на квалитетот на живот на жителите на општина Берово, додаде Пекевски.

Средствата во износ од 13.287.000,00 денари, кои се обезбедени од Буџетот на Северна Македонија за 2023 година и се  доделени на Општина Берово, како капитални дотации. вс/мд/

Фото: МИА


 

Остани поврзан