Пекевски организира прием за најдобрите ученици Роми
- Во чест на Светскот ден на Ромите, 8-ми Април, градоначалникот на Општина Берово утрово прими претставници на ромската заедница од основното и средното образование. Во рамки на приемот беше поставено ромското знаме, на јарболот пред зградата на Општина Берово, а беа доделени и наградите за најдобрите ученици Роми.

Берово, 8 април 2025 (МИА) - Во чест на Светскот ден на Ромите, 8-ми Април, градоначалникот на Општина Берово утрово прими претставници на ромската заедница од основното и средното образование. Во рамки на приемот беше поставено ромското знаме, на јарболот пред зградата на Општина Берово, а беа доделени и наградите за најдобрите ученици Роми.
-Преку програмата за образование, на најдобрите ученици Роми, од основното и од средното образование, оваа година им доделуваме парични награди на Сезен Демировска за најдобар ученик од Ромска националност, од основното образование и
Хадиса Демирова за најдобар ученик од Ромска националност од средното образование, информира Пекевски.
Овој ден како што додаде е само уште еден поттик, кон зајакнување на меѓуетничката соработка и градењето на мултиетничко општество, а постигнатите резултати, претставуваат мотив за понатамошен заеднички ангажман, кој ќе се стреми кон подобрување на повеќе аспекти од животот на Ромите.
-Со целосна почит кон припадниците на ромската етничка заедница, го честитам Меѓународниот ден на Ромите- 8 Април, еден од најважните датуми во историјата на овој народ и ги упатувам моите пораки за добро здравје, среќа, љубов, мир, успех и многу позитивна енергија. Водени од големата европска идеја ,,Обединети во различностите” и понатаму продолжуваме во надминување на проблемите и постигнување на целта, едно општество за сите и сплотени ги остваруваме приоритетите на ромската заедница, додаде Пекевски.
Општината како што најави континуирано, вложува средства за реализација на проекти, од комунална и патна инфраструктура, подобрување на социјално економската положба, олеснување на образовниот процес, урбанизација, легализација, домување, водовод и канализација, при што се овозможува елиминација на разликите, на тој начин подобруваме животот на Ромите во Берово. вс/
Фото: МИА