• петок, 27 декември 2024

Пекевски: Нема нови случаи на салмонела во градинката во Берово

Пекевски: Нема нови случаи на салмонела во градинката во Берово

Берово, 1 февруари 2024 (МИА) - По првичните два случаја на саломнела во градинката „23 Август“ во Берово, засега нема нови случаи, информира градоначалникот Звонко Пекевски. Се уште траат анализите по вчерашниот вонреден инспекциски надзор, а за дечињата кои се згрижени во градинката се доставува сува храна.

Според Пекевски, кујната во градинката нема да работи до објавувањето на реултатите од надзорот.

-Дечињата се згрижуваат во Детска градинка „23 Август“, меѓутоа не работи кујната. Известени се родителите се доставува сува храна која не е подготвена во установата со цел анализите кои се земени во текот на вчерашниот ден од вонредниот инспекциски надзора треба 48 часа да бидат потврдени како резултат. Така да, преземени се сите мерки, тече периодот потребен за излегување на анализите и верувам дека институциите после 48 часа ќе излезат со официјален одговор и тогаш ние конечно ќе излеземе со наш став, рече Пекевски.

Најважно е, додаде, што нема нови случаи.

-Засега не може да се заклучи дали има намалување на бројот на дечиња кои посетуваат градинка, бидејки имаме и некое намалување заради некои вирусни инфекции, но се уште не можеме да кажеме со сигурност дали поради овие два случаи има намалување на бројот на дечиња кои се згриѓени во градинаката, додава Пекевски.

Во наредниот период тој најави дека ќе настојува да биде свикан и Совет на родители во градинката, но според него од најдобро е да видиме објавените резултати ќе се видиме дали одговорноста за појавата на саломенела е надетската градинка и доколку е на така ќе биде свикан тој управен одбор и совет на родители, а дополнително на тоа новонастанатата состојба ќе биде разгледана и на седница на совет закажана за 7 февруари годинава. вс/мч/

фото : МИА

Остани поврзан