• сабота, 23 ноември 2024

Пекевски на увид на реконструкцијата на четвртата ламела на Домот за стари лица во Берово

Пекевски на увид на реконструкцијата на четвртата ламела на Домот за стари лица во Берово

Берово, 3 април 2024 (МИА) - Привршуваат активностите од првата фаза за изградба на четвртата ламела на Домот за стари лица во Берово. Со реконструкцијата на четвртата ламела, како што истакна Звонко Пекевски, градоначалник на Берово кој изврши увид во работите се прилагоди простор за сместување на нови 28 корисници.

-Во рамките на активностите на Општина Берово, во областа на Социјална заштита и грижата за старите лица, завршена е првата фаза од   реконструкцијата на четвртата ламела, на Домот за стари лица, ОЈУСЗСЛ ,,Д-р Иван Влашки”, во Берово. Со тоа Домот за стари лица, ќе добие капацитет од вкупно 67 корисници, истакна Пекевски.

Активностите ќе се реализираат со средства во износ од 11.043.900,00 денари. 

-Средствата за реконструкција на четвртата ламела е обезбедени од  Министерството за труд и социјална политика, со кофинансирање од Општина Берово, додаде Пекевски.

По завршувањето со градежните работи од првата фаза, ќе се пристапи кон втора фаза, за што Општина Берово веќе има одобрен концепт , во рамки на Регионалните форуми во заедницата, кои ги спроведува Центарот за развој на источно плански регион, со поддршка од Швајцарската агенција за развој и соработка SDC. вс/дма/


Фото: МИА

Остани поврзан