• сабота, 23 ноември 2024

Пекевски на увид на асфалтирањето на улицата „Димитар Влахов“ во село Русиново

Пекевски на увид на асфалтирањето на улицата „Димитар Влахов“ во село Русиново

Берово, 12 ноември 2024 (МИА) - Во рамки на Програмата за реконструкција на локални патишта и улици за 2024 година, се асфалтира улицата „Димитар Влахов“ во село Русиново. По тој повод градоначалникот на Берово Звонко Пекевски изврши увид во активностите и информираше дека асфалтирањето на оваа улица е во должина од 152 метри.

-Улицата е со широчина од 3, 2 метри, а асфалтирањето се реалзиира по  претходно поставен тампонски слој. Со реконструкцијата на оваа улица, жителите од беровско Русиново добиваат полесен пристап до своите имоти и до градот, изјави Пекевски. 

Тој истакна дека се намалува  прашината, а жителите кои живеат на оваа улица, конечно ќе добијат соодветна инфраструктура.

- Продолжуваме со подобрување на патната мрежа, како во градот така и во населените места и се грижиме за подобрување на квалитетот за живот, на сите граѓани, додаде Пекевски.

За реконструкција на оваа улица од Буџетот на општина Берово за 2024 година  ќе бидат исплатени 1.216.080,00 денари. вс/мд/

Фото: МИА

Остани поврзан