Пекевски и Трајковски на завршна конференција за Ромактед II во Истанбул
- Градоначалниците на Берово и Делчево, Звонко Пекевски и Горан Трајковски, од 11-ти до 13-ти декември, присуствуваат на завршна конференција ROMACTED II во Истанбул, Турција. Посетата, како што информираше Пекевски, е во рамките на Проект „Промовирање на добро владеење и зајакнување на Ромите на локално ниво“.
Берово, 12 декември 2024 (МИА) - Градоначалниците на Берово и Делчево, Звонко Пекевски и Горан Трајковски, од 11-ти до 13-ти декември, присуствуваат на завршна конференција ROMACTED II во Истанбул, Турција. Посетата, како што информираше Пекевски, е во рамките на Проект „Промовирање на добро владеење и зајакнување на Ромите на локално ниво“.
На настанот, како што рече Пекевски, акцент било ставен на поддршката на Ромите во Западен Балкан и Турција.
-Исто така беше извршен преглед на имплементација на програмата ROMACTED, кај 7 корисници, евалуација на програмата ROMACTED, преку научени лекции и препораки и унапредување на инклузијата на Ромите, преку обезбедување одржливост и инклузивност на развојните процеси на локално ниво, истакна Пекевски.
Меѓу останатите теми, како што додаде, се разговарало за зајакнување на учеството на Ромите за пристап до права и придонес за социјално вклучување на ранливите заедници.
Делегацијата од Северна Македонија ја сочинуваат и градоначалниците на Кочани и Прилеп, кои заедно со Пекевски и Трајковски имале прием од градоначалникот на Општина, Шишли, Ресул Емрах Сахан. вс/дма/
Фото: МИА